Арамии украле 50.000 маски од магацин во Келн

Градскиот кризен тим им наредил на сите болници во Келн да проверат каква заштитна опрема им е итно потребна поради епидемијата на коронавирусот и да обезбедат подобра заштита од потенцијални кражби.

302

Арамии вчера украле 50.000 маски од магацин за медицинска и заштитна опрема во германскиот град Келн, пренесува хрватски Index.

Полицијата известила дека кражбата ја забележал еден од вработените.






Градскиот кризен тим им наредил на сите болници во Келн да проверат каква заштитна опрема им е итно потребна поради епидемијата на коронавирусот и да обезбедат подобра заштита од потенцијални кражби.

– Ова е еден сосема нов тип на кражба – коментирала портпаролката на градската болница.

– Обично се крадат предмети кои се вредни, но сега и за заштитните маски очигледно постои добар пазар – рекла таа и додала дека по кражбата не би требало да има проблем за маски за лице.

Поврзани содржини