Арамии „оперираат“ во маркети, малолетничка уценувана со фотографии, платил но не добил мебел

3,154

КАЈ ОХРИЃАНЕЦ ПРОНАЈДЕНА МАРИХУАНА – СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.М. (45) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 29.05.2020 во Охрид, на ул.„Васил Стефоски“ на паркинг пред хотел, полициски службеници, при преглед на Н.М и неговото паркирано патничко возило „бмв“, пронашле и одзеле марихуана.

СТРУЖАНЕЦ ДАЛ ПАРИ ЗА МЕБЕЛ КОЈ НИКОГАШ НЕ ГО ДОБИЛ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична  пријава  против Н.А. (36) од  с.Доброште, тетовско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 13.08.2019, И.К. од с.Радолишта, струшко, направил усмен договор со пријавеното лице за изработка на мебел, за што на пријавениот, по негово барање, во неколку наврати му биле уплаќани парични средства. Бидејќи поминалo подолго време од договорот, a пријавениот не одговарал  на телефонските повици, И.К. сфатил дека е измамен, при што му била причинета материјална штета од 335.500 денари.






ПОЧИНА СКОПЈАНЕЦ ВО СВОЈОТ ДОМ – На 26.10.2020 во 9.50 часот било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, во неговиот дом бил пронајден починат Б.Р.(54). Од страна на лекар била констатирана смрт, увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

ОГРАБЕНА ФИРМА ВО ЦЕНТАР – На 26.10.2020 во 11 часот било пријавено дека на подрачјето на Центар во фирма, едно лице со закана од вработените одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИСТЕПАН И ОГРАБЕН СОПСТВЕНИК НА ПРОДАВНИЦА – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Џ.Џ.(19), М.А.(20), С.М.(30) и С.Р.(17), сите од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 24.07.2020 во Кочани, на ул.,,С.Стојменов“, пријавените насилно влегле во продавница, физички го нападнале сопственикот Д.И. и одзеле пари.

ИСТЕПАНИ ПОЛИЦАЈЦИ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против В.С.(21) од Македонски Брод, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 06.10.2020 во Македонски Брод, на ул.„Партизанска“, полициски службеници, при вршење на увид по претходно случена сообраќајна незгода, по претходна расправија, биле физички нападнати од пријавениот.

НА ФЕЈСБУК УЦЕНУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА – Одделение за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Ј.З.(26) од с.Морани – Студеничани, затоа што во текот на февруари 2020, во повеќе наврати контактирал со малолетничка на социјалната мрежа „Фејсбук“ со цел да оствари средба во Скопје, откако претходно ја уценувал дека ќе објави нејзини фотографии кои претходно ги добил во текот на комуникацијата преку социјалната мрежа.

ОГРАБЕН  МАРКЕТ ВО КАРПОШ – На 26.10.2020 во 16.28 часот било пријавено дека во маркет на подрачјето на Карпош едно лице со закана одзело пари од вработената. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

Поврзани содржини