АРАГЧИ И ВИСОК ФУНКЦИОНЕР ТРГНАТИ ОД ЦРНИОТ СПИСОК? Трамп испраќа порака дека сака да преговара

Шефот на дипломатијата и претседателот на парламентот на Иран биле тргнати од листата на неколку дена. Според „Волстрит Џурнал“, САД испраќаат сигнал дека се подготвени за дипломатски разговори.

66

САД и Израел привремено ги тргнале од списокот за ликвидација иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи и претседателот на Парламентот Мохамед Бакер Калибаф.

Американскиот весник „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на неименувани американски официјални лица, пишува дека одлуката била донесена во рамки на напорите за започнување мировни преговори меѓу Вашингтон и Техеран.






Според изворите на весникот, двајцата ирански функционери биле тргнати од листата на неколку дена, како сигнал за подготвеност на администрацијата на Доналд Трамп за дипломатски разговори.

Сепак, официјални лица запознаени со ситуацијата оценуваат дека шансите за успех на разговорите се мали, поради значителните разлики во позициите на САД и Иран.

Говорејќи на вечера за републиканските членови на Конгресот, Трамп истакна дека Техеран, според неговите сознанија, всушност сака да постигне договор, но дека преговарачите се плашат тоа отворено да го признаат.

– Тие преговараат и толку многу сакаат да постигнат договор. Но, се плашат тоа да го кажат, бидејќи мислат дека ќе бидат убиени од сопствениот народ – изјави Трамп пред присутните конгресмени.

Поврзани содржини