АРАЧИНОВО РЕКОРДЕР НА ПОТРОШУВАЧКА НА СТРУЈА Октомвриската сметка на општината е повисока за 474 отсто од ланската

Бектеши рече дека за општините владата само препорачала да штедат и е задоволен што најголемиот дел од нив потрошиле за 15 отсто помалку струја од ланскиот октомври.

605

Трите општини кои во септември не штеделе струја и во октомври трошеле струја повеќе од лани. Општина  Арачиново потрошила дури 474 отсто повеќе струја од ланскиот октомври, Лозово за 12 отсто повеќе од ланскиот октомври, а општина Студеничани за 11 отсто.

Од 81 општина во земјава, 65 општини во октомври постигнале заштеда од најмалку 15 отсто, од кои 12 општини постигнале заштеда поголема од 50%. Шеснаесет општини не успеале да заштедат повеќе од 15%, а овие општини само три имале поголема потрошувачка споредено со октомври 2021 година – информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши презентирајќи ги новите податоци за заштеди на институциите ,претпријатијата и општините.






Македонска Каменица не постигнала заштеда односно потрошила ист исноз на струја како и ланискиот октомври, додека општините Карбинци и росоман заштедиле само 1 отсто, а кочани 3 отсто. Најголема заштеда има во општина новаци од 76 отсто.

Бектеши рече дека за општините владата само препорачала да штедат и е задоволен што најголемиот дел од нив потрошиле за 15 отсто помалку струја од ланскиот октомври.

 

Поврзани содржини