АРАЧИНОВО, ГОСТИВАР И СВЕТИ НИКОЛЕ НА ТАПЕТ Во септември расипнички трошеле струја наместо да штедат

Од 81 општина, 25 не постигнале заштеда од 15 отсто, а останатите 56 општини успеале да направат заштеда поголема од 15 отсто.

140

Општините за вкупно 29 отсто ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во септември, споредено со истиот месец претходната година, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеш презентирајќи ја анализата за рационална потрошувачка.

– Од 81 општина, 25 не постигнале заштеда од 15 отсто, а останатите 56 општини успеале да направат заштеда поголема од 15 отсто. Најмногу со поголема потрошувачка отстапуваат Арачиново, Гостивар и Свети Николе. Останатите што не ја постигнале заштедата од 15 отсто се во ранг од 40 до 13 отсто рече Бектеши.

Поврзани содржини