АРАЧИНОВЕЦ СО НОЖ НАПАДНАЛ ДВАЈЦА ЖИТЕЛИ НА АЕРОДРОМ Уапсен е за обид за убиство
Поднесена е кривична пријава по брза постапка против Ф.А. за сторено кривично дело „убиство во обид“, по член 123 в.в. 19 и „насилство“ по член 386 од КЗ, соопшти МВР.
Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје вчера го уапсиле Ф.А. (33) од Арачиново поради основано сомнение дека на 11.09.2023 околу 02 часот во Скопје, на подрачјето на Аеродром, ги нападнал со остар предмет В.С. (30) и М.Н. (38) од Скопје и им нанел повреди.
„Денеска од страна на ЕНК при СВР Скопје до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка против Ф.А. за сторено кривично дело „убиство во обид“, по член 123 в.в. 19 и „насилство“ по член 386 од КЗ, и во текот на денот тој ќе биде изнесен пред Судија на претходна постапка“ – соопшти МВР.
Како штопретходно пишуваше Плусинфо, двајцата мажи биле прободени со нож од непознато лице во скопската населба Аеродром, на 11 септември во 02 часот и 15 минути. Според нашите информации, двајцата мажи седеле пред зграда во Аеродром, разговарале, слушале музика, пиеле пиво, а по некое време непознатото лице дошло со возило џип и се паркирало пред влезот на зградата. Наеднаш настанала мешаница, при што 30-годишниот В.С. бил прободен во гради, грб и во глава, додека М.Н. добил само исеченици. Потешко повредениот В.С. бил пренесен во Клинички центар каде му бил извршен оперативен зафат.
Двете момчиња нападот го пријавиле во СВР Скопје, на што им било одговорено дека ќе се преземат мерки.
КРВАВА СЕДЕНКА ПРЕД ЗГРАДА ВО АЕРОДРОМ Двајца мажи прободени со нож од засега непознато лице