АРАЧИНОВЦИ 20 ГОДИНИ НЕ ПЛАЌАЛЕ ДАНОК НА ИМОТ Општината немала софтвер за плаќање
Поранешните градоначалници се пожалиле дека општината не поседувала софтвер, па затоа не бил плаќан данокот.
Најмалку две децении во Арачиново не се наплаќа данок на имот. Шест градоначалници ја водеа оваа општина од 1996 година и никој од нив не успеал да воведе систем, односно компјутерски софтвер за наплата на овој данок.
Поранешните градоначалници се пожалиле дека општината не поседувала софтвер, па затоа не бил плаќан данокот.
„Да ви кажам право, како што наоѓаа другите, така наследивме и ние, па немавме софтвер. Ниту ние не успеавме, па го пренесовме така. Секој градоначалник, така што, остана. Како што кажавте – зошто не го направивте тоа, цел проблем ми беше тоа што буџетот е ограничен, едвај успеавме да ги платиме работниците и советниците, а не да направиме нешто надвор од тоа“, нагласи Брахим Ајвази-поранешен градоначалник на Арачиново, во изјавата дадена за Алсат.