„АПТИВ“ ГО СЕЛИ ПРОИЗВОДСТВОТО ОД БУНАРЏИК ВО ПОРТУГАЛИЈА И ПОЛСКА Откази ќе добијат 500 работници

Британскиот гигант „Џонсон Мети“ кој е најголем извозник од Македонија, го намалува бројот на вработени.

4,906

Ирско – американската компанија за изработка на авто делови „Аптив“ го затвора погонот во ТИРЗ Бунарџик  и се сели во Полска и Португалија, а британскиот гигант „Џонсон Мети“ ќе го намали бројот на вработени, објави телевизија Телма.

Од компанијата „Аптив“ која во Бунарџик работи од 2016 година и има 500 вработени, ја објаснуваат одлуката со оптимизирање на производствените капацитети, согласно случувањата на  глобалниот пазар, па производство од Бунарџик ќе го селат производството во нивните погони во Полска и Португалија, а во Македонија ќе го затворат.






За вработените е изготвен план за поддршка кој ќе се реализира според македонските закони.

Британскиот гигант „Џонсон Мети“ кој е најголем извозник од Македонија, го намалува бројот на вработени.

Од компанијата, за телевизијата изјавија дека ќе го намалат бројот на работни позиции поради глобалните случувања на автомобилскиот пазар.

Од ТИРЗ , пак тврдат, дека сè уште не добиле ништо официјално за плановите на двете компании.

Поврзани содржини