АПСОЛУТНО НЕПРИФАТЛИВ ЧИН НА АГРЕСИЈА Радев за нападот на клубот во Охрид
Патот кон ЕУ за Северна Македонија минува низ признавањето и почитувањето на правата на македонските Бугари, на бугарското културно и историско наследство – рече Радев.
Претседателот на Бугарија Румен Радев го окарактеризира нападот врз клубот „Цар Борис Трети” во Охрид како апсолутно неприфатлив чин на агресија, која, вели, со децении се негува во Северна Македонија против Бугарија и против Бугарите, јави дописникот на МИА од Софија.
Според Радев, државниот врв на Република Северна Македонија и општеството треба да разберат дека патот кон ЕУ минува низ признавањето и почитувањето на правата на македонските Бугари, на бугарското културно и историско наследство.
Ова, според Радев, е начинот на кој граѓаните на Република Северна Македонија ќе тргнат по патот по кој многупати изразиле дека сакаат да чекорат – со почит кон заедничката историја и заеднички длабоки историски корени.