АПСЕЊЕТО НА МАДУРО Е ГОЛЕМ ЧЕКОР ЗА ЧОВЕШТВОТО Венецуелската опозиционерка го фали Трамп, бара дипломат да ја води земјата

По апсењето на доскорешниот венецуелски претседател Мадуро, опозиционерката Мачадо јавно побара Едмундо Гонзалес Урутија, 76-годишен поранешен дипломат и претседателски кандидат од 2024 година, да биде назначен за привремен претседател. Мачадо го нарече апсењето на Мадуро пресвртница за човештвото.

594

Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо изјави дека „3 јануари ќе остане запишан како ден кога правдата ја победи тиранијата“, откако американските сили го уапсија Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес.

Операцијата, според „Фокс Њуз“ и ДПА, се одвила во ноќта меѓу петокот и саботата, кога американски војници изведоа воздушен и копнен напад во близина на претседателската резиденција во Каракас.






„Ова е пресвртница, не само за Венецуела, туку за човештвото, за слободата и човечкото достоинство“, објави Мачадо на платформата Икс.

Таа додаде дека Венецуела наскоро ќе стане главен сојузник на САД во безбедноста, енергијата и човековите права, ветувајќи дека нема да дозволи нов авторитарен режим.

Гонзалес, дипломатот што треба да ја спаси земјата

По апсењето на Мадуро, Мачадо јавно побара Едмундо Гонзалес Урутија, 76-годишен поранешен дипломат и претседателски кандидат од 2024 година, да биде назначен за привремен претседател.

Тој беше единствениот опозициски кандидат кому му беше дозволено да се кандидира, откако Мачадо беше исклучена од изборите.

Меѓународните набљудувачи потврдија дека изборите во 2024 година биле нарушени со бројни неправилности и обвинувања за измама.

„Ќе почекате за избори“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не очекува нови избори во Венецуела во следните 30 дена, јави ДПА.

– Прво мора да ги поправиме работите во земјата. Не можете да имате избори – изјави тој за американската телевизија Ен-Би-Си Њуз.

„Ќе потрае некое време“, рече тој, додавајќи: „Мора да ја вратиме земјата во добра состојба“.

Делси Родригез ја презема власта, Мадуро сè уште „легитимен“

Во Каракас, лојалната заменичка Делси Родригез положи заклетва како вршителка на должноста претседателка.
Таа изјави дека „Мадуро останува законски избран лидер“, нарекувајќи го апсењето „чин на агресија против суверена држава“.

„Американците извршија државен удар. Венецуела нема да се покори“ – порача Родригез во обраќањето до нацијата.

„Мисијата е завршена, правдата победи“

На брифинг во Белата куќа, претседателот Доналд Трамп изјави дека „САД ја ослободија Венецуела од диктатурата“ и најави дека Мадуро ќе одговара пред федерален суд за наркотероризам и трговија со дрога.

„Никогаш повеќе во Западната хемисфера нема да владее диктатор“ – рече Трамп, додавајќи дека „светот ја гледа моќта на правдата“.

Поврзани содржини