АПСЕЊЕ ВО ТЕТОВСКО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ Кај ученици била пронајдена марихуана
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 18.45 часот, во дворот на тетовското средно училиште во кое учеле, во присуство на нивните родители, лишиле од слобода двајца малолетници од тетовско село, затоа што кај нив била пронајдена марихуана, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Од тетовската полиција информираат дека вчера во средно училиште имало приведување на ученици кај кои била најдена марихуана. Според информацијата на СВР Тетово, малолетниците се лишени од слобода во присуство на нивни родители.
– Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 18.45 часот, во дворот на тетовското средно училиште во кое учеле, во присуство на нивните родители, лишиле од слобода двајца малолетници од тетовско село, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. Се расчистува и документира случајот, по што ќе биде изготвен соодветен поднесок – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.