АПСЕЊЕ ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ТЕТОВО И ВО ГОСТИВАР Државјанки на Албанија се задржани во полициска станица
Две од жените биле уапсени во ноќен клуб во гостиварско Зубовце, oстанатите 5 биле затекнати во угостителски објект-ноќен бар во гостиварско Желино.
Тетовската и гостиварската полиција привеле 7 државјанки на Албанија во акција во ноќни клубови во градовите. Тие биле задржани во полициска станица поради злоупотреба на туристичкиот престој за други цели, се вели во полицискиот билтен.
Две од жените биле уапсени во ноќен клуб во гостиварско Зубовце, кој е во сопственост на 50-годишниот Р.Б. од Добридол. Жените биле на возраст од 33 до 36 година.
Останатите 5 биле затекнати во угостителски објект-ноќен бар во гостиварско Желино.
„Ноќеска во времето од 22 часот до 02 часот, врз основа на претходно изготвен план од страна на СВР Тетово и ОВР Гостивар, била извршена акциска контрола во угостителски објект- ноќен бар во село Желино, сопственост на J.Ф.(47) од село Желино, за откривање на странски државјани, илегален престој и злоупотреба на туристичкиот престој. При контролата во објектот, затекнати се пет државјанки на Република Албанија, на возраст од 24 до 50 години“, информираат денеска од МВР.