АПСЕЊЕ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ 25-годишна Србинка отпатува зад решетки
Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.
Дваесет и петгодишна Србинка била приведена ноќеска на скопскиот аеродром.
„Денеска (29.04.2024) во 02.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници ја лишиле од слобода В.Ч.(25) од Република Србија, затоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека во службената евиденција е со мерка ‘апси’ по барање на Интерпол“, информираат од МВР.
Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.