АПСЕЊЕ НА „ДЕВЕ БАИР“ Приведен е 20-годишен Украинец

256

Синоќа во 20:15 часот на Граничниот премин Деве Баир, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Р.И.(20) од Украина, затоа што при пасошка и гранична контрола на увид приложил фалсификувана возачка дозвола.

Тој бил предаден на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.

Поврзани содржини