АПСЕЊЕ НА АЕРОДРОМОТ ВО СКОПЈЕ Приведен е 60-годишен Турчин баран од Интерпол

1,002

Ноќеска во 01.45 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Л.Б.(60) од Република Турција, затоа што при контрола и проверка било констатирано дека бил баран по меѓународна потерница од Интерпол-Белгија за сторено кривично дело недозовлена трговија со дрога, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка“, се вели во полицискиот билтен.

Поврзани содржини