АПСЕЊА И ПОВРЕДЕНИ ПОЛИЦАЈЦИ ВО ДАБЛИН Трет ден од антиимигрантските протести

Ова беше трета ноќ демонстрации во градот по наводен сексуален напад врз малолетно девојче во близина на хотелот во понеделникот рано утрината.

118

Дваесет и три лица се уапсени во неколкучасовните судири со ирската полиција, која беше гаѓана со петарди, камења и други предмети во уште една ноќ на судири за време на антиимигрантските протести во главниот град Даблин, објави ДПА.

Двајца полицајци се однесени во болница откако беа повредени во судирите со демонстрантите.  Едниот бил погоден од шише, а вториот се здобил со повреда на рамото.






Стотици луѓе и ноќеска се собраа пред хотел во кој се сместени баратели на азил во западен Даблин.

Ова беше трета ноќ демонстрации во градот по наводен сексуален напад врз малолетно девојче во близина на хотелот во понеделникот рано утрината.

Во врска со случајот во вторникот пред суд се појавил 26-годишен маж, чие име не можело да се објави поради законите за сексуален напад во Ирска.

Ирскиот министер за правда Џим О’Калаган вчера изјави дека „имало многу апсења и ќе има уште“.

Тој рече дека врз уапсените ќе се применува законот со полна сила и дека полицијата професионално реагирала на „хулиганското насилство“.

Премиерот Мајкл Мартин го осуди насилството и рече дека „нема оправдување“ за напади врз полицајци.

Демонстрантите мавтаа со ирски знамиња, скандираа антиимигрантски пароли и фрлаа предмети.

Поврзани содржини