Јапонскиот лек „Авиган“ ќе се користи и во Бугарија

На прашање од Плусинфо дали и нашата земја ќе го набави „Авиган“ лекот во борбата против ковид-19, министерот за здравство Венко Филипче одговори дека засега не се планира такво нешто.

1,601

Им заблагодарувам на мојот јапонски колега Тошимитсу Мотеги и на Владата на Јапонија за одлуката да ѝ го обезбедат на Бугарија лекот „Авиган“ кој се користи за лекување на пациенти заразени од коронавирусот, напиша на Фејсбук бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

„Само преку солидарност можеме да му се спротивставиме на предизвикот наречен ковид-19. Искрено му посакувам на јапонскиот народ со кого нè поврзуваат топлите и пријателски чувства, што поскоро да ја преброди кризата предизвикана од коронавирусот. Минатата година прославивме 110 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу нашите две држави, за што  сум сигурна дека и во иднина ќе продолжат да се развиваат и да се продлабочуваат“, напиша Захариева на Фејсбук.






На прашање од Плусинфо дали и нашата земја ќе го набави „Авиган“ лекот во борбата против ковид-19, министерот за здравство Венко Филипче одговори дека засега не се планира такво нешто.

Поврзани содржини