Јапонски град забрани гледање во телефонот додека се оди по улица

167

Јапонскиот град Јамато им забрани на луѓето во градот да гледаат во телефон додека одат по улица, низ парк или пак на плоштадите.

Во градот со 250.000 жители, и туристите и патниците ќе бидат дочекани со известувања за забраната.






„Додека одите низ градот, забрането е користење паметен телефон. Ве молиме, користете ги телефоните кога ќе престанете со одењето“, се слуша од разгласите низ градот.

Забраната има широка поддршка од тамошните жители и млади и постари. Скоро сите се сложуваат дека тоа го одвлекува вниманието на пешакот и го доведува во опасност. И, засега не е напишана ниедна казна.

Истражување на јапонската телекомуникациска компанија ХТТ, покажува дека пешаците  со „закован поглед“ на паметниот телефон губат 95 отсто од видното поле. Кога тоа ќе се елиминира, значително се намалуваат и можностите за сообраќајна незгода.

Поврзани содржини