„Од 156 пациенти вклучени во клиничкото испитување во трета фаза во Јапонија, просечното времетраење на опоравувањето е 11,9 дена за оние кои се лекуваат со авиган и 14,7 дена за оние кои се лекуваат со плацебо“, се наведува во соопштението на компанијата.
Излекувањето се одредува кога коронавирусот повеќе не е присутен на ПЦР тестови и кога другите симптоми како што е температурата се ублажени или исчезнати. Клиничкото тестирање беше насочено кон пациенти со лесна пневмонија поврзана со ковид-19.
Компанијата сега ќе спроведе „детална анализа на податоците“ собрани за време на тестирањето и очекува во октомври да достави барање за комерцијално одобрување на лекот за Ковид-19 во Јапонија.
Лекот „Авиган“ (фавипиравир) е дозволен од 2014 година во Јапонија, но само за третман на тешки случаи на грип кога стандардните лекови не биле ефикасни. „Авиган“ е контраиндициран за бремени жени, бидејќи тестови врз животни покажаа дека влијае на развојот на фетусот.
Јапонската влада очекува многу од овој лек и побара од „Фуџифилм“ да го зголеми производството и да испорача бесплатни примероци во некои земји што го побараа.
Уште во мај, Јапонија го одобри лекот „Веклури“ (ремдесивир) на американскиот производител „Гилеад“