Јапонија затрупана од 2 метра снег, нема струја, завеани автомобили и домови ВИДЕО

931

Поради обилните снежни врнежи во Јапонија и долж северниот брег домови се изолирани, а без електрична енергија останале околу 10.000 домаќинства, поради што владата за денеска закажа итен состанок за решавање на ситуацијата.

Најмногу снег наврнало во префектурите Нигата и Гунма во кои за три дена наврнало 2 метра снег, објавила јапонската телевизија НХК.






Околу 1.000 автомобили се затрупани во големото снежно невреме на истокот во Јапонија.

Патници во автомобили биле заробени околу 9 часа.

Јапонската метеоролошка служба предупредила на лавини и за натамошни прекини на сообраќајот во источниот и централниот дел на Јапонија и на јапонското крајбрежно подрачје бидејќи се прогнозираат нови снежни врнежи.

Поврзани содржини