Јапонија си ги враќа своите фабрики од Кина

Според најавите, целата оваа операција за повлекување на компаниите од една земја во друга ќе ја чини Јапонија околу 2.2 милијарди евра.

340

Властите во Јапонија одлучија да им помогнат на јапонските компании во Кина да го префрлат своето производство и да се вратат во својата земја, бидејќи, како што соопштиле, пандемијата со коронавирусот значително го нарушила ланецот на снабдување помеѓу овие две држави.

Според најавите, целата оваа операција за повлекување на компаниите од една земја во друга ќе ја чини Јапонија околу 2.2 милијарди евра.






Како што веќе објави „Bloomberg“, ова се случува како резултат на кризата, односно поради тоа што во февруари годинава увозот на производи од Кина во Јапонија беше скоро преполовен, бидејќи пандемијата таму затворија голем број фабрики, меѓу кои и јапонски.

Поврзани содржини