ЈАПОНИЈА НЕМА ДА БИДЕ ДОМАЌИН НА СВЕТСКОТО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО Можно e поместување на датумот

Јапонската фудбалска федерација е во контакт со ФИФА, која евентуално би можела да го помести за јануари 2022 година одржувањето на турнирот на кој учествуваат континенталните клупски шампиони и фудбалскиот првак на земјата домаќин.

194

Јапонската фудбалска федерација (ЈФА) се откажа од организација на Светското фудбалско клупско првенство во декември годинава поради ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирус.

– Ризикот од зголемување на бројот заразени и тешкотиите да се извлече корист од евентуалното ограничување на бројот на гледачи влијаеше на оваа одлука – јавија денеска јапонските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори во ЈФА.






Според медиумите, ЈФА е во контакт со ФИФА, која евентуално би можела да го помести за јануари 2022 година одржувањето на турнирот на кој учествуваат континенталните клупски шампиони и фудбалскиот првак на земјата домаќин.

Светското клупско фудбалско првенство традиционално се одржува во декември секоја календарска година, но поради пандемијата минатото издание одржано во Катар беше поместено за февруари годинава.

Поврзани содржини