Јапонија може да се соочи со над 400.000 смртни случаи од ковид-19

Во оваа држава се тестираат само лицата со симптоми на ковид-19, а досега таму има регистрирано околу 8.000 заразени и речиси 200 смртни случаи.

673

Министерството за здравство во Јапонија предизвика огромна загриженост кај Јапонците откако објави извештај според кој бројот на жртви од коронавирусот би можел да достигне над 400.000 луѓе ако во земјата не се почитуваат заштитните мерки. Во истиот тој извештај се проценува и дека респиратори би им биле потребни на околу 850.000 пациенти, објави „Japan Today“.

Во оваа држава се тестираат само лицата со симптоми на ковид-19, а досега таму има регистрирано околу 8.000 заразени и речиси 200 смртни случаи.






Инаку, Јапонија периодов се соочува со забрзано ширење на заразата, па поради тоа, Владата на Шинзо Абе прогласи вонредна состојба и објави дека целта е за 70 проценти да се спречи интеракцијата на популацијата која изнесува 126 милиони Јапонци.

Поврзани содржини