ЈАПОНИЈА И ШПАНИЈА ОДАТ ВО ОСМИНАФИНАЛЕ Среќната „црвена фурија“ на мегдан со Мароко

Германија е елиминирана, а Јапонија ќе налета на Модриќ и неговата дружина.

259

Шпанија и Јапонија вечерва заедно ја исфрлија Германија од Светското првенство, а „црвената фурија“ доби џекпот со поразот со 1:2 за да биде втора и за да избега од пресметка со Хрватска во осмоинафинале, ама и да избега од потенцијален судир со Бразил во четвртфинале во костурот на Мундијалот во Катар.

Иако Германија вечерва со 4:2 вечерва победи во мечот со Костарика, Јапонија со два гола направи пресврт со кој дојде до победата.

Шпанија со поразот и со само четирите освоени бода е втора и ќе игра со Мароко во осминафиналето, додека Јапонија со шест бода го освои првото место и ќе се соочи со Хрватска.

Германија со четири бода, но со многу послаба гол-разлика остана трета, а Шпанија поради резултатот од 7:0 против Костарика го обезбеди пласманот. Костарика со три бода остана последна во групата.

Поврзани содржини