ЈАПОНЦИТЕ ЌЕ ЈАДАТ АМЕРИКАНСКИ ОРИЗ ЗА ПОНИСКИ ЦАРИНИ НА АВТОМОБИЛИТЕ Трамп ја намали царината на 15% за Јапонија
Јапонија ќе инвестира и 550 милијарди долари во американски проекти и постепено да ја отвори својата економија за американски стоки, што се однесува и на автомобилите.
Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги намали царинските давачки од 27,5 на 15% за увоз на автомобили од Јапонија. Но, за возврат, Јапонците ќе купуваат американска стока во вредност од 8 милијарди евра годишно, што вклучува зголемување од 75% на увозот на американски ориз.
Ова е еден од чекорите во формализирањето на јулскиот договор за царини од 15% за речиси целиот јапонски извоз во САД, што вклучува возила и фармацевтски производи. Во договорот, Јапонија се согласи да инвестира 550 милијарди долари во американски проекти и постепено да ја отвори својата економија за американски стоки, што се однесува и на автомобилите.
Договорот беше постигнат благодарение на месеци преговори меѓу САД и Јапонија откако Трамп објави сеопфатни царини за повеќето земји во светот во април.