АПОКАЛИПСАТА Е СЀ ПОБЛИСКУ Медведев испрати заканувачка порака

Медведев повеќе пати истакнува дека западната поддршка за Украина ги зголемува шансите за нуклеарен конфликт.

1,328

Дмитриј Медведев, поранешен руски претседател и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, повторно ја спомена можноста за „апокалипса“ во случај на натамошна ескалација на конфликтот во Украина. Повод за неговиот говор бил фактот што украинските сили решиле да ги нападнат Русите во анектираниот Крим, тврди украинска Правда.

„Украинските криминалци објавија дека добиле одобрение за напади низ Русија, на пример нападот на Крим.Тоа би било повод за војна што ќе и даде можност на Русија да дејствува во рамките на законот за војна против секого и сè во земјите на НАТО. За жал, пророштвата за апокалипсата се поблиску до нас “ – напиша Медведев на Телеграм.






Медведев објави и неколку цитати од советските водачи Никита Хрушчов и Владимир Ленин и цитат од Откровението.

Во јули, Медведев напиша статија за владиниот весник Росијскаја газета, во која истакна дека нуклеарната војна е „сосема веројатна“, но дека нема веројатен победник. Медведев повеќе пати истакнува дека западната поддршка за Украина ги зголемува шансите за нуклеарен конфликт.

Поврзани содржини