АЛАТКАТА „ОКО“ ПРЕТСТАВЕНА НА ОТЧЕТ-САЕМОТ НА ВМРО-ДПМНЕ Градоначалникот на Дубровник покажа како граѓаните можат веднаш да испратат слика и порака до власта

532

На денешниот настан Отчет-саем, „Четири години работа за тебе“, на панелот посветен на меѓународна соработка се вклучи и градоначалникот на Дубровник, Мато Франкович. Франкович го пренесе искуството што го прави Дубровник транспарентен град, а граѓаните задоволни од работата на градските власти.

Франкович претстави неколку алатки кои помагаат во насока на тоа граѓаните да бидат задоволни и да учествуваат во работата на градот.






– Граѓаните нѐ плаќаат да работиме и ние им служиме ним. Оттаму за да се зголеми транспарентноста, ние воведовме пракса на веб-страницата да се објавуваат сите сметки, сите плаќања кои ги прави градот. Така тие на дневна основна се информирани каде одат нивните пари, за што ги трошиме ние како градска власт – информира Франкович.

Освен што го тргаме сомнежот дека нивните пари се трошат за непотребни работи, ние направивме и алатка со која тие не информираат за проблем и ние го решаваме во најбрз можен период.

– Имаме алатка „Око“ на Дубровник. Секој наш граѓанин, што ќе ја симне апликацијата, може да слика и да нѐ извести за проблемот. Со ова практично секој граѓанин е наш комунален редар. Значи снима или слика каде има нешто што е погрешно, или ако има ѓубре, и ни праќа веднаш. За оваа цел ние формиравме тим за интервенција кој реагира веднаш – соопшти Франкович.

Поврзани содржини