Апликација ги наоѓа и ги исмева политичарите кои зјапаат во мобилен ВИДЕО
Сите состаноци на фламанската влада во Белгија се пренесуваат на Јутјуб. Фламанскиот „уметник“ Дрис користел вештачка интелегинција (АИ) за да помине низ снимките, скенирајќи ги сите смартфони во коишто било зјапано. Софтверот потоа ги тагнува на Твитер политичарите, и им вели да останат фокусирани.
Софтвер на Холанѓанецот Дрис Депортер открива политичари кои зјапаат во својот мобилен телефон за време на седница или состанок. Алгоритмот, кој е вештачка компјутерска интелигенција, е толку добар што од 5 јули наваму откри четири поголеми политичари и јавно ги исмеа на Твитер, пренесува IFL Science.
Кога открива дека некој „зјапа во телефон“, софтверот користи face recognition за да открие кој е тој политичар и го клипува видеото на Твитер, ги тагнува политичарите во постот и им кажува да „останат фокусирани“.
Dear distracted @VreeseMaaike, pls stay focused! pic.twitter.com/IL2dPuh0Fi
— The Flemish Scrollers (@FlemishScroller) July 5, 2021
Сите состаноци на фламанската влада во Белгија се пренесуваат на Јутјуб. Фламанскиот „уметник“ Дрис користел вештачка интелегинција (АИ) за да помине низ снимките, скенирајќи ги сите смартфони во коишто било зјапано.
Да се зјапа во мобилен очигледно станува сѐ поприфатливо во јавноста. Можеби тие политичари прелистуваат некој важен мејл или се допишуваат со друг битен политичар? Сепак, како што истакна Мешабл – фламанскиот министер, претседателот беше забележан како ja игра видеоиграта Лути птици (Angry Birds) на неговиот телефон за време на дебатата во 2019 година, што е пет години откако играта беше популарна.
Dear distracted @BartSomers , pls stay focused! pic.twitter.com/XGbaJgEVS6
— The Flemish Scrollers (@FlemishScroller) July 5, 2021
Во 2013 година, сенаторот Џон Меккејн беше фатен како игра покер на неговиот телефон за време на сослушувањето на Конгресот за Сирија.
– Колку и да сакам секогаш да ги слушам со силно внимание забелешките на моите колеги во период од три и пол часа, повремено ми станува малку здодевно. Но, најлошото нешто е што изгубив илјадници долари во оваа игра…илјадници и илјадници лажни долари – изјави сенаторот за Си-Ен-Ен.
Апликацијата започна да работи во понеделникот и веќе фати четворица политичари кои не можеа да одолеат на мамката на нивниот сјаен телефон. Досега, никој од нив не е виден под агол што би открил што е толку проклето интересно што го одзема нивниот фокус од седницата во белгискиот парламент.