АПЛАУЗ И ОВАЦИИ ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ За прв пат дефиле и на полициските и воените единици и опрема (ФОТО)
Церемонијата почна со изведба на делото „Симфонија за филхармонија“ од композиторот Живоин Глишиќ,
Здравствени работници, спортисти, пожарникари, припадници на полицијата и армијата, рудари, земјоделци, волонтери на Црвен крст, извидници, национални ансамбли и културно-уметнички друштва, продефилираа низ центарот на главниот град, во рамки на одбележувањето 30 години независност.
Церемонијата почна со изведба на делото „Симфонија за филхармонија“ од композиторот Живоин Глишиќ, а ќе продолжи со официјалниот дел во кој се предвидени обраќања на претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев.
Аплауз и овации предизвикаа здравствените работници кои изминатите месеци се во првите редови на борбата со пандемијата.
Продефилираа и културни работници.
Припадници на полициските и армиските единици како и пожарникарите беа проследени со интерес од присутните.