APEX ОТВОРИ ЕКСТРА МОДЕРНО КАЗИНО „Luxor“ e сместен на граничниот премин Блаце

2,588

На вкупна површина од 4.000 м2, сместено на граничниот премин Блаце, започна со работа новото екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX, австрискиот супер бренд во индустријата игри на среќа. Казиното е на површина од 2.500 м2 и располага со 317 електронски апарати и 15 маси за жива игра. Во рамки на „Luxor“ има и модерен хотел со 4 sвезди кои овозможува капацитети за преноќување во 15 луксузно уредени соби со богата гастрономска понуда и ултра квалитетна испорака на услугите димензионирани и за индивидуалните очекувања на гостите.

Хотелскиот комплекс и казиното „Luxor“ се изградени по најсовремените светски архитектонски стандарди за екстерно и ентериерно уредување, кој има одличен капацитет да ги задоволи сите желби на традиционалните играчи.






Искусните играчи веќе се уверуваат дека „Luxor“ не заостанува ни милиметар во понудата која ја имаат најреномираните казина во Европа и во светот. Гостите се пречекани од грижливо избран персонал кој со својата харизма создава амбиент дека сите гости се третирани по највисоки ВИП критериуми. Казиното „Luxor“ за своите верни гости овозможува преку посебни програми за лојалност да уживаат индивидуални привилегии.

Светски познатиот бренд APEX досега во македонската понуда на игри на среќа учествуваше со 16 автомат клубови. Казиното „Luxor“ е нов амбициозен проект на оваа компанија во Северна Македонија која сега влегува и во сегментот на жива игра.

Тимот на APEX во наредниот период ќе организира спектакуларна свеченост со регионални музички артисти, со која казиното „Luxor“ ќе биде претставено со сиот свој сјај.

Поврзани содржини