Апелацискиот суд следната недела нема да заседава
За денот на одржување на одложените седници странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.
Сите јавни седници и расправи закажани за следната недела во Кривичниот оддел на Апелацискиот суд Скопје се одлагаат, информираат денеска од Апелација.
„Се одлагаат сите јавни седници и расправи закажани во Кривичниот оддел на Апелацискиот суд Скопје за деновите 29 и 30 јуни 2020 година и за деновите 01, 02 и 03 јули 2020 година“, стои во соопштението од Апелационен суд Скопје.
За денот на одржување на одложените седници странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.