АПЕЛ ОД АВАЈА Попишете се, бидете горди Роми! (ВИДЕО)
Во рамки на кампањата за пописот, Аваја го промовираше спотот „Горди Роми“ во кој се истакнуваат сите различности во самата заедница.
Граѓанското движење Аваја апелира до ромската заедница дека дадените податоци на пописот се заштитени согласно законот.
„Потсетуваме дека секој еден може да ги провери дадените податоци, задолжително да побара увид во пописниот прашалник (особен акцент на етничката припадност) и да биде попишан од страна на Ром/ка попишувач (право на попишување на ромски јазик)“, се наведува во соопштението на Аваја.
Граѓанското движење Аваја работи постојано на менување на наративот и зајакнување на идентитетот на Ромите. Движењето Аваја во текот на кампањата за попис ја истакнува гордоста на заедницата и ја презентира заедницата со сите вистински квалитети. Аваја ѝ порачува на јавноста дека Ромите се горди на својата етничка припадност.
Во рамки на кампањата за пописот, Аваја го промовираше спотот „Горди Роми“ во кој се истакнуваат сите различности во самата заедница. Првата разлика која се истакнува е во однос на јазикот кој го говорат Ромите. Ромите во различни градови говорат различни јазици, на пр., во источниот дел на државата Ромите ги говорат турскиот, македонскиот и ромскиот јазик, додека во западниот дел од државата Ромите ги говорат албанскиот, турскиот, македонскиот и ромскиот јазик. Другите разлики се однесуваат на религија, градови на живеење, боја на кожа и сл. Промовираното видео ги истакнува различностите и јасно укажува на тоа дека сите Роми се горди Роми, без оглед на различностите.
Сите учесници во спотот се Роми и ги истакнуваат своите карактеристите. Спотот може да се види на ТВ екраните и на социјалните мрежи.