Уште не седнат на фотелјата, Апасиев и Силјановска му се пуштија на Џафери
Кога имате ваков претседател, брилијантен избор, тогаш можам сè да очекувам. Левица има право да биде застапена во Комисијата за избори и именувања - рече Силјановска.
Левица е политичка партија застапена во Собранието на која ѝ е оневозможено да членува ниту на ниво на членови, ниту на ниво на заменици, па би сакал појаснување како толкувате членот 20, став 2, рече пратеникот Димитар Апасиев.
На ова Џафери рече дека застапеноста на пратениците по партии е формулација по можноста дека може да бидат само партии и дека може да бидат коалиции.
– Од состав во состав никој не може да претпостави дали тоа ќе бидат коалиции или ќе бидат самостојни политички субјекти коишто ќе учествуваат во Собранието. Постои соодветна формула во однос на процентуалната застапеност на коалициите, односно на партиите. По тој сооднос се определува по формула за состав на Комисијата за избори и именувања. Затоа, не случајно е 10 пратеници да можат да предложат. Нема друга можност и начин да се протолкува тоа, но во секој случај има други работни тела коишто се бираат, а за кои Собранието е должно да води сметка и за застапеноста на пратениците кои не се организирани во пратенички групи. Коалицијата на СДСМ и коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ имаат приближен број пратеници, па затоа по 5 пратеници ќе бидат предложени во Комисијата.
Пратеничката Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ се надоврза на дебатата и рече дека секоја партија треба да има влијание врз изборот на пратеници.
– Кога имате ваков претседател, брилијантен избор, тогаш можам сè да очекувам. Левица има право да биде застапена во Комисијата за избори и именувања – рече Силјановска.
По ова, во собраниската сала се крена голема галама, а Џафери започна да дава примери како се одвивале работите во минатото.