Пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев преку Фејсбук ја коментира казната од 45 евра за арачиновецот кој синоќа среде плоштад влета со бентли.
– Има една анегдота од Римското право во врска со актуелнава казна од неверојатни 45 евра за возачот на Бентлито на плоштад… Еден богат Римјанин севезден си го земал својот роб, на кого му давал едно ќесе монети, и се шеткал на Форумот (градскиот плоштад во Рим) – при што, од заебанција, намерно им мавал ШАМАРИ на римските граѓани кои случајно си поминувале низ градот!? Кога овие, природно, ќе изреагирале, тогаш робот кој го носел ќесето поштено ја плаќал паричната казна на газдата „според законот“ – која, btw, била смешна сума за тоа време.
p.s. Ете затоа, КАЗНИТЕ треба да бидат соодветни на делото, за да моќниците и силеџиите не си играат курташак со народот и со Државата – напиша Апасиев.