АПАСИЕВ ЗА ТИЕ ШТО СЕ ПЛАШАТ ОД КАЗНИ Попишувач ми кажа дека не можат да казнуваат, ако не им отвориме врата

Лидерот на Левица тврди дека се додека лицето само не се идентифукува, никој не знае кој живее во станот или куќата каде што дошле попишувачите.

5,337

Лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев ден по почетокот на пописот ги повика граѓаните да го бојкотираат. Тој на Фејсбук објави дека тие што нема да ги примат попишувачите нема да бидат казнети за тоа, бидејќи како што вели никој не зане кој живее во тој дом.

„За оние кои се плашат од казни. Инсајдерска информација од попишувач на терен во Државниот завод за статистика: -Здраво, бидејќи обичниот народ се плаши од казни, граѓаните треба да знаат дека ние имаме само АДРЕСИ од Катастар, но не знаеме кој живее во куќите/становите – се додека лицето самото не се идентификува. Па, како би можеле ние да казнуваме, кога немаме такви информации, а ни овластувања!? Може да излезе кираџија или гостин, а не газдата на станот.Инаку, на првиот ден имавме константен недостаток и проблеми со апликацијата за попишување“, напиша Апасиев на Фејсбук.

Поврзани содржини