Апасиев за ребрендирањето на СДСМ: Ги прекопирале боите на Левица, уште и програмата нека ни ја ископираат!
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев реагира на Фејсбук по вчерашното ребрендирање на СДСМ.
„СДС на нашата земја ги прекопирале боите на Левица (црвена + бела) и ќе се ребрендирале!?
Топ! Сеа уште и програмата нека ни ја ископираат, барем нешто добро да види и народот“, пишува Апасиев.
Овој негов статус поттикна многу лајкови и споделувања.