АПАСИЕВ ВО ПРВАТА, КРМОВ ВО ТРЕТАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА Левица ги објави носителите на листи за пратеници

338

Партијата Левица на социјалните медиуми ги објави носителите на листи за парламентарните избори на 8 мај.

Во Првата изборна единица носител на листа е претседателот на партијата и актуелен пратеник Димитар Апасиев, во Втората изборна единица е портпаролот на партијата Амар Мециновиќ, во Третата изборна единица актуелниот пратеник Борислав Крмов, во Четвртата изборна единица Сашко Јанчев, советник во Гевгелија, во Петата изборна единица Јована Мојсоска, генерален секретар на партијата, додека во Шестата изборна единица прв на листата за парламентарните избори е Игор Димески, советник во Општина Центар.






Од она што може да се забележи на објавените фотографии на Фејсбук профилите на носителите на листите за пратеници, слоганот на кампањата ќе биде „Гласај за да се прашува Македонецот!“.

 

Поврзани содржини