AПАСИЕВ СО ПРЕДЛОГ ДО МИЦКОСКИ Една изборна единица и дијаспората да гласа по пошта

Левица е подготвена да поддржи гласање на дијаспората по пошта за претседателските избори, но бара за возврат да се воведе една изборна единица. Апасиев вели дека тоа е компромис што може да го откочи спорот околу Изборниот законик.

149

Претседателот на Левица во видео-интервју порача дека партијата е подготвена да прифати гласање на дијаспората по пошта, но исклучиво доколку се прифати воведување на една изборна единица.

Според него, доколку власта навистина сака политички компромис околу измените на Изборниот законик, тогаш компромисот треба да биде заемен:






– Еве му фрлена ракавица. Ајде, да изгласаме една изборна единица, ние ќе се сложиме на гласање на дијаспората по пошта за претседателски избори, како експериментален модел – изјави Димитар Апасиев.

Апасиев потсети дека Левица го покренала прашањето за една изборна единица уште на лидерската средба по Божиќ, оценувајќи дека тоа е хроничниот проблем на македонското изборно законодавство.

Според него претседателските избори се единствените избори што бараат цензус на излезност, како и дека претседателот ја претставува државата во меѓународните односи, поради што, според него, постои логика дијаспората да учествува токму во изборот на шефот на државата.

Лидерот на Левица тврди дека актуелната дебата за гласањето на дијаспората не била дел од четиримесечните преговори за измените на Изборниот законик, туку подоцна била наметната како едно од главните прашања.

Поврзани содржини