АПАСИЕВ СО ЦИТАТ ОД КАСТРО ЗА КОАЛИЦИРАЊЕТО Не смее да има никакво коалицирање со партии кои имаат дамки во своето работење

Лидерот на Левица и претходно изјави дека е за коалицирање за пад на Владата, но не и преку формално коалицирање.

3,317

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на само нему својствен начин,  го даде свој став за коалицирањето со други партии, откако оваа тема беше повторно отворена по првиот круг на локалните избори.

Апасиев својот став дека нема намера да коалицира со ниту една партија го искажа на фејсбук со цитат на починатиот претседател на Куба Фидел Кастро.

„Првата политичка партија во која учествувал Кастро е партијата Ортодоксо. Тогаш освојуваат само 2 (две) пратенички места во кубанскиот парламент. Ставот на младиот стратег Фидел е: – Не смее да има никакво коалицирање со партии кои имаат дамки во своето работење! КОАЛИЦИРАЊЕТО ЌЕ ЈА РАЗВОДНИ ИДЕОЛОГИЈАТА. Од тоа корист ќе имаат само нашите ривали – Кастро (1948) “, напиша Апасиев.

Тој и претходно изјави дека е за коалицирање за пад на Владата, но не и преку формално коалицирање.

По првиот круг и самостојното учество на локалните избори, Апасиев прокоментира:

„Ако треба, со три збора, да го опишам чувството после овие пеколни Локални избори, тоа би било: СО СОПСТВЕНИ СИЛИ!“.

Вчера лидерот на ВРМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повика опозиционите партии и партиите незадоволни од владеачката  коалиција да му се придружат за да го собори Зоран Заев. Лидерот на СДСМ, пак, со писмо до членството повика на зацврстување на коалицијата за победа на локалните избори.

 

Поврзани содржини