Апасиев: Рашковски прв ќе го крка, го знаеме како „благајникот“ на деканот

13,844

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев вечерва во „Само вистина“ порача дека во време на пандемија не треба да се прави попис и дека ниту една држава во светот не попишува иселени.

Тој зборуваше и за аферите поврзани со Драги Рашковски за кого откри дека му е генерација од студентските денови во кои Рашковски бил благајник на деканот, тој ги собирал парите за книгите.Тој „алаш вериш“ си го има уште од студентските денови, рече Апасиев.






– Рашковски прв ќе го крка кога ќе падне хибридниов режим, не го сакаат ни во СДСМ, тој и не е СДСМ, тој е десна рака на Заев, по струмичка линија – вели Апасиев.

Поврзани содржини