Апасиев: По сила на Устав сум должен да не ги примам попишувачите дома, може да ме заразат со коронавирус
Да немавме Кацарска-судство, Законот за попис ќе ви паднеше како круша на Уставен суд, вели Апасиев.
Димитар Апасиев, лидерот на „Левица“ на Фејсбук реагира на Законот за попис на населението, откако денеска беше изгласан во Собранието.
„Законот за попис во сред пандемија и прогласена кризна состојба е спротивен на чл. 39, ст. 2 од Уставот на РМ: „Граѓанинот има право и ДОЛЖНОСТ да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите“!
Значи, јас – по сила на устав – сум должен да не ги примам попишувачите дома во сред епидемија, оти може да ме заразат со коронавирус.