АПАСИЕВ НАЈАВИ ДЕКА ЛЕВИЦА ВЛЕГУВА ДЛАБОКО ВО СОВЕТИТЕ Петмина во Град Скопје и 50-60 советници во цела држава

Левица не коалицира, тоа е принципиелниот став. Но постизборно е можно. Сепак, има најави за ново парламентарно мнозинство, и таа опција е во игра, рече Апасиев.

4,227

Вечерва лидерот на Левица Димитар Апасиев, рече дека се покажало опозициското расположение во земјата, и дека е задоволен од тоа што Левица го постигна на овие избори, односно има раст на бројот на гласови.

– Ние како партија ја остваривме целта, но општата тендеција е дека левичарското расположение е во нагорна линија. Хибридниот режим на Заев е пред крај. Останува вториот круг, мислам дека опозициските тенденции се евиденти и мислам дека можеме да имаме парламентарни избори после овие локални – рече Апасиев.






Апасиев кажа дека принципелниот став е Левица да не коалицира предизборно доколку има предвремени парламентарни избори, пренесува тв21.

– Левица не коалицира, тоа е принципиелниот став. Но постизборно е можно. Сепак, има најави за ново парламентарно мнозинство, и таа опција е во игра. Но после ова нештата нема да бидат исти – изјави Апасиев кој најави дека партијата освои петмина советници во Град Скопје, а во целата држава од 50-60 лица на советничките листи.

Амар Мециновиќ, портпаролот на Левица информираше за советничките места кои Левица ги освоила на овие локални избори.

– Во Аеродром на секое избирачко место имаме помеѓу 50 и 120 гласа. На општинско ниво се движиме над 12 отсто. За Кисела вода сме подобри од СДСМ на многу избирачки места. Во Ѓорче Петров се подобри од СДСМ на неколку избирачки места. Во Центар има сигурни четири советници. Во Карпош претендираме кон четврт советник. Во Гази Баба имаме еден сигурен советник, претенридаме кон втор. Во Велес имаме три сигурни советници – рече Мециновиќ.

Поврзани содржини