АПАСИЕВ МУ ИСПРАТИ НОВОГОДИШНА „ЧЕСТИТКА“ НА ЏАФЕРИ Осма кривична пријава за спикерот, мандатот ќе го заврши со вкупно 10

Ја известуваме македонската јавност дека, до завршувањето на мандатот на овој најконтроверзен претседател на Собранието на независна Македонија, правниот тим на Левица ќе поднесе уште најмалку две кривични пријави за различни кривични дела против службената положба и овластување, а нивното процесуирање ќе биде услов на Партијата за учество во било која идна Влада на Република Македонија, наведено е во соопштението на Левица.

349

Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, поднесе нова кривична пријава, осма по ред, против претседателот на Собранието, Талат Џафери, поради основано сомневање дека сторил кривично дело „Повреда на рамноправноста на граѓаните” – казниво по чл. 137 од Кривичниот законик, со запретена затворска казна од шест месеци до пет години.

„Пријавениот Џафери се терети дека со тенденциозното чување во фиока и непроцесуирањето на Предлогот за поведување граѓанска постапка на државно ниво за распишување задолжителен дополнителен референдум (2022) за заклучоците од т.н. Француски предлог, грубо ја повредил еднаквоста пред Уставот и законите на овластениот предлагач, и ги пречекорил своите овластувања – ставајќи се себеси во улога на собранискиот пленум, кој единствено (на седница) има надлежност да оценува дали една иницијатива е уредна или не! Со тоа, подносителот Апасиев бил целосно оневозможен во остварувањето на неговите уставно и законски загарантирани права и слободи, што е потврдено и со стручно Мислење на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (2023) – која веќе утврди директна дискриминација врз основа на политичко уверување врз оштетениот Апасиев, кој сега се јавува во улога на пријавител“, наведено е во соопштението на Левица.






Како поткрепа на кривичната пријава, наведено е таму, доставени се и серија материјални писмени докази, од кои се гледа дека во тридецениската плуралистичка парламентарна историја – никогаш се нема случено собраниски спикер да ја оценува уредноста на референдумски иницијативи и да ги узурпира ингеренциите на Собранието, па така – сите досегашни иницијативи на граѓаните, кои се околу 20-на на број, се уредно проследени до матичните работни тела и до пленумот – освен иницијативата на Апасиев!

„Ја известуваме македонската јавност дека, до завршувањето на мандатот на овој најконтроверзен претседател на Собранието на независна Македонија, правниот тим на Левица ќе поднесе уште најмалку две кривични пријави за различни кривични дела против службената положба и овластување, а нивното процесуирање ќе биде услов на Партијата за учество во било која идна Влада на Република Македонија“, наведено е во соопштението на Левица.

Поврзани содржини