Апасиев: Левица и уште една македонска партија ќе направат влада, без уцени од албанските партии

3,079

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија рече дека на овие избори две македонски партии ќе може да направат влада, а една од тие партии ќе биде Левица.

– И ова со короната, стравот е голем, ќе влијае на излезноста, но и револтот е голем. Така да излезноста ќе биде во рамки на нормалата. Мислам дека ќе се повтори сценариото од 2006 година кога две македонски партии ќе можат да направат влада без уцени од албански партии, бидејќи следен чекор е кантонизацијата. Ние сме едната, ќе видиме која ќе биде другата партија. Без нашите пратеници мислам дека ќе се потпадне под диктатот на ДУИ, или било која албанска партија, бидејќи тие не се разликуваат по однос на Тиранската платформа – рече Апасиев.

Стојанче Ангелов, националниот координатор за воени и полициски ветерани рече дека Коалицијата „Можеме“, ќе победи, повеќе од сигурно, јас сум длабоко убеден во тоа, тоа воопшто не е спорно, затоа што политиката е многу сурова и е една голема прагма

– Идеализам во политиката не функцуонира, вие можете идеалистички да настапувате колку сакате, јас сум зборувал многу убави работи – рече Апасиев.

 

Поврзани содржини