АПАСИЕВ, КРМОВ, МОЈСОСКА И МЕЦИНОВИЌ СИ ДЕЛАТ ПАРТИСКИ ПАРИ Левица се фатени на дело, посочи ВМРО-ДПМНЕ

Народот гледа и нема да дозволи да биде измалнипулиран од оние кои на говорница урлаат за чеснот, а позади неа ги полнат сопствените џебови, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

152

Паднаа маските на Левица позади кои грчевито се обидуваа да се претстават кај народот како скромни и неподмитливи, додека од сметката на партијата испумпувале парични средства кои по разни основи завршиле на личните трансакциски сметки кај тесното раководство, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„По Апасиев, кој над 700.000 денари ставил во сопствениот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните преку Буџетот на државата и Мојсоска, која иако е пратеник само годинава од партијата инкасирала 3 пати по 54 000 денари. Борислав Крмов пратеник кој се претставува како скромен и борец за правдата од една страна на собраниската говорница урла против патни трошоци, а од другата испумпува парични средства од партијата Левица во сопствениот џеб. Крмов, над 270 илјади денари од Левица пикнал во својот џеб. Дали сега и Крмов ќе тврди дека е сметководител во Левица? Дали тој знае дека таквата улога е противзаконска“ се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.






Паднаа маските на Левица, за Апасиев, Крмов, Мојсоска и Мециновиќ кои глумат лажна скромност, се додава во соопштението.

„Левица додека ги напаѓаат пратениците за законски додатоци, во исто време меѓусебно си делат партиски пари. Левица се фатени на дело. Народот гледа и нема да дозволи да биде измалнипулиран од оние кои на говорница урлаат за чеснот, а позади неа ги полнат сопствените џебови“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини