АПАСИЕВ И МЕЦИНОВИЌ СЕ ЛЕВИЧАРИ ОД АЛИ ЕКСПРЕС Амар положил само 7 испити на факултет, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Не ги знае булеварите низ градот, ниту пак проектите кои му се во програмата, а посегна по глумење жртва и ширење лажни вести низ медиумскиот простор, пишува ВМРО-ДПМНЕ.

1,368

„Левичарите од Али Експрес како Димче Апасиев и Амар Мециновиќ, па дури и целото раководство од президиумот, си измислуваат лажни приказни во кои само тие си веруваат и мислат дека и народот ќе им верува“ – пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Откако јавноста виде со какви луѓе располага Левица, од типот на Амар Мециновиќ, човек кој лаже дека е дипломиран, а има положено 7 предмети на факултетот на кој е запишан, човек кој не знае колку јавни претпријатија има градот Скопје, човек кој не знае колку средни училишта има во градот Скопје, човек кој не си ги знае булеварите низ градот, ниту пак проектите кои му се во програмата, посегна по глумење на жртва и ширење на лажни вести низ медиумскиот простор.






Токму тие лажни вести кои се обидуваат да ги шират во јавноста, во недела на 2 ноември ќе ги разбудат од овој нивен сон кој го сонуваат. Реалноста е сосема поинаква од тоа што тие го живеат.

Затоа граѓаните својот глас ќе го дадат за вистинскиот избор, а тоа е Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ! Заокружете го бројот 9!“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини