АПАСИЕВ И КОСТОВСКИ ТРГНАА ФИЗИЧКИ ДА СЕ ПРЕСМЕТААТ Расте нервозата во Собранието (ВИДЕО)
На видеото се гледа како двајцата пратеници најпрво се фаќаат за рацете, а потоа почнуваат да се туркаат со главите. Останатите пратеници веднаш скокнаа од своите места и ја смирија ситуацијата.
Расте тензијата во Собранието. Откако собранискиот спикер Талат Џафери му упати закана на пратеникот од Левица, Димитар Апасиев дека „ќе му биде скршен прстот само уште една ако го покаже кон него“, пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски, тргна дури и физички да се пресмета со колегата од Левица.
Инцидентот не беше прикажан на тв-преносот, но Алсат-М успеа да го овековечи со камера.
На видеото се гледа како двајцата пратеници најпрво се фаќаат за рацете, а потоа почнуваат да се туркаат со главите. Останатите пратеници веднаш скокнаа од своите места и ја смирија ситуацијата.
Погледнете го видеото: