Апасиев го предупреди Џафери да прати обезбедување: Баравте бал, ќе добиете маскенбал!

Тој револтиран од односот на Собранието спрема амандманите на Левица го предупреди претседателот Џафери да прати обезбедување на комисиската расправа зошто најави „војна“ на седницата.

3,239

Пратете обезбедување во 14 часот на седницата на собраниската комисија, баравте бал ќе добиете маскенбал, му порача пратеникот Димитар Апасиев од Левица на собранискиот претседател Талат Џафери на пленарната седницата која почна со задоцнување од час и половина.

Пратеникот Апасиев реагираше затоа што амандманите на Левица за Законот за лична карта исчезнале при преносот од собраниската архива до кабинетот на собранискиот спикер Талат Џафери. Вработените во собраниската архива, објасни Апасиев, при приложувањето на амандманите, наместо да ги примат, барале одобрение од претседателот Џафери, што е недозволиво во парламентараната демократија.






Амандманите, според Левица биле фрлени во корпа, а Апасиев рече  дека има прекршување на член 152.

– Она што вие го имате направено е службеничката архиварка да ве праша дали да прими, што е спротивно на закон. Имаме поднесено 1.500 или 1.800 амандмани. Известени сме дека не се проследени. Тие се должни да го примат секое барање на граѓаните, па и тоа да е напишано на тоалетна хартија – рече Апасиев кој најави дека на денешната комисиска расправа закажана за во 14 часот Левица ќе бара да ѝ се прифатат амандманите, а не само на Алијанса за Албанците.

Тој револтиран од односот на Собранието спрема амандманите на Левица го предупреди претседателот Џафери да прати обезбедување на комисиската расправа зошто најави „војна“ на седницата.

– Ако сакате инциденти, ви најавувам дека ќе добиете инциденти. Доколку на комисија во 14 часот ги нема амандманите на Левица, ви најавувам да повикате обезбедување и да ја правиме големата магија. Баравте бал ќе добиете маскенбал. Сакате војна, ќе добиете војна – рече Апасиев

Ова е Собрание, а не улица и не се заканувај од говорница, му одговори Џафери на Апасиев.

Поврзани содржини