Апасиев го праша Заев дали „купувал“ пратеници, а тој му порача дека вака не се станува лидер

Премиерот ги негираше обвинувањата и рече дека вака поставено прашање е недозволиво за еден лидер на партија, па му возврати и со контра- прашање:

14,837

На денешната седница на пратенички прашања пратеникот од Левица, Димитар Апасиев во Собранието го праша премиерот Зоран Заев дали се обидел да купува пратеници во периодот од завршувањето на изборите па се до конституирањето на парламентот.

– Дали е вистина или шпекулација тоа што после изборите од јули до конституирањето на парламентот сте направиле обид да купите пратеници преку стурмички пајташи за цена од 300.000 евра. Се работи за двајца пратеници од власта кои не се од СДСМ и тројца од опозицијата кои не се ВМРО-ДПМНЕ – запраша Апасиев.






Премиерот ги негираше обвинувањата и рече дека вака поставено прашање е недозволиво за еден лидер на партија, па му возврати и со контра- прашање:

– Срамота е што си дозволувате вакво прашање. Го минавте по рејтин Мицкоски, ама сакате и мене изгледа да ме минете. Кроткичко, пополека. Не може ем да обвините ем да избегнете одговорност за обвинувањата. Лидер во опозиција вади докази и ги вади во јавноста. Тоа е исто како да ве прашам дали е вистина или шпекулација дека јас и вие сме се договориле да ви ги обезбедиме сите ресурси на изборите само да одземете гласови од ВМРО-ДПМНЕ, и при тоа да дадете директен одговор дали е вистина или шпекулација дека договоривме да нѐ поддржувате понатаму ако освоите пратеник. Вака реторички прашања нема да ве однесат никаде на функција туку ќе ја разобличите една левичарска идеја. Знам ве гледам се борите, сам сте и тоа е во ред, но вака реторички никако не. Вака нема да постигнете ништо, ова не му личи на политичар и пратеник – рече Заев.

Апасиев му одговори дека партијата има докази, но дека чекаат да падне власта за да ги процесуираат.

– Имаме докази само чекаме да падне власта и ќе ги процесуираме, бидејќи досега поднесовме 4 кривични пријави и ниту една не е процесуирана, веројатно се јавувате кај вашите „реформатори“. Пратениците се тие кои тука поставуваат прашања, а не обратно – рече Апасиев.

Поврзани содржини