АПАСИЕВ ГО ОТКАЖА УЧЕСТВОТО НА ЛИДЕРСКАТА Треба да биде ден на жалост поради двојното убиство, вели тој
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, ноќеска го откажа своето улество на заканата лидерска средба за понеделник (4 декември) и бара таа да се одложи за посоодветен тајминг.
„Утре треба да биде ден на жалост заради двојното убиство, а не на лидерска за датум за избори! Поради ова, јас како претседател на Левица го откажувам моето учество на планираната средба и апелирам до премиерот истата да се помести за посоодветен тајминг, после расчистувањето – преку парламентарна надзорна расправа – на сите неразјаснети прашања поврзани со пропустите на МВР и ОЈО изминативе денови (за време на самитот на ОБСЕ)“, напиша Апасиев на Фејсбук.